| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се сеќава на Тоше

И оваа година со низа настани ќе се одбележи роденденот на Тоше. Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Ова не е крај“ од новинарката Соња Алексовска, во која се опфатени сегменти од животот на македонската музичка легенда.

Во книгара свои сеќевања споделуваат членовите на најблиското семејство, интересни случки од детството откриваат и неговите другари, а читателите ќе имат можност  да дознаат и за почетоците на кариерата на македонската легенда, за  првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори , изведувачи и продуценти, преставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот.

Фановите на Тоше Проески во соработка со Црвениот Крст на Македонија и поддршка од Фондацијата „Тоше Проески“ ја организираа крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ во чест на неговиот 33 роденден.

Денеска ќе се промовира и спотот за песната „Жао ми је“.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево каде и завршува основното училиште. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музички уметности во Скопје. На 16 октомври 2007 година, тој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top