| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович најави владина реконструкција

janukovicУкраинскиот претседател Виктор Јанукович најави дека следната недела ќе изврши промени во Владата. Реконструкцијата во Кабинетот ќе биде извршена за време на вонредното заседание на Парламентот, закажано за вторник 28 јануари, прецизира Јанукович на средба со верските лидери во земјата.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Јанукович уште вети дека ќе бидат извршени измени на неколкуте закони што беа донесени минатата недела, а кои се насочени против опозицијата. Истовремено, тој предупреди дека ќе ги употреби „сите законски средства“, доколку не биде постигнат договор со опозицијата.

Во меѓу време, Литванија соопшти дека ќе обезбеди бесплатно лекување за Украинците кои се повредени во насилните протести во Киев, во знак на солидарност со проевропската опозиција во земјата. Како што најави советничка на литванската претседателка Далија Грибаускаите, првата група настрадани украински демонстранти во понеделник ќе пристигнат во Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top