Министерството за култура преку соопштение до медиумите реагира на, како што велат, паушалните и неаргументирани забелешки на СДСМ на Годишната програма на Министерството за култура за 2014 година, забелешки кои јасно укажуваат на непознавање на Законот за култура, неговите одредби, но, укажуваат и на една ограничена перцепција за културата и вистинските вредности.
Министерството за култура го информира СДСМ дека Постапката за донесување на Годишната програма е јасно утврдена во Законот за култура и истата доследно се почитува и спроведува од страна Министерството за култура.
– Комисиите кои ја подготвуваат предлог-програмата не се држат во тајност туку напротив, секој од корисниците и јавноста, во секое време, може да добие информација, кои истакнати поединци се дел од овие комисии – се вели во рекацијата од Министерството.
Оттаму го прашуваат СДСМ дали имињата на Јелена Лужина, Вера Битракова Грозданова, Елизабета Димитрова, Драги Митревски, Бесиана Мехмети,Олег Кондратенко, Муамер Садику, Станко Павлевски, Ратко Дуев, Марко Китевски, Илбер Муртези и сите останати членови на комисиите кои се истакнати, автори, уметници и професори се за нив анонимни? Ова се имиња на поединци, се додава, со голем кредибилитет кои својот труд го имаат втемелено во македонската култура.
– Што се однесува до изборот на поддржаните проекти ќе потенцираме дека сите пристигнати пријави во Министерството за култура се внимателно разгледани од страна на комисиите и секој од апликантите, согласно Законот, најтранспарентно добива решение во кое јасно се образлозени причините за одбивање на проектот – се појаснува во реакцијата.
Во таа смисла, се нагласува, ако СДСМ не ја препознава вредноста на уметниците поддржани во Програмата од национален интерес, ќе ги иформираме дека во истата се поддржани проекти на уметници како Симон Трпчески, Милчо Манчески, Весна Гиновска Илкова, Никола Маџиров, Катица Ќулавкова, Матеја Матевски, Иван Поповски, Андреј Жолдак, Љубиша Георгиевски, Венко Андоновски, Александар Поповски, Слободан Унковски, Сихана Бадивуку, Дино Имери, Дуња Иванова, Исмет Рамичевиќ, Илија Пенушлиски, Мирослав Масин, Коџоман и многу други.
– Зар за вас не се од национален интерес проектите на Македонската филхармонија, Македонската Опера и Балет, на театарите во Македонија и на сите други институции од областа на културата? Зошто продолжувате да ги деградирате и омаловажувате македонските уметници? Зар за вас, нивните успеси не се важни? Вашиот индиферентен однос кон културата го покажавте и за време на вашиот мандат кога не реализиравте ниту еден значаен проект од областа на културата, а навистина е жалосно што и сега продолжувате со еден крајно ограничен и тендециозен однос кон вистинските вредности во
културата, кон македонските уметници! – се посочува во реакцијата.
Потенцираме, се прецизира, дека во годишната програма на Министерството за култура е јасно изразен националниот интерес на РМ како и настојувањата за една координирана и интегрирана културна политика.
– Градењето на културата не подразбира жанровска дискриминација и елитистички пристап во изборот на програмата. Од суштинско значење за Министерството за култура е поддршката на врвните вредности во културата, кои за нас немаат друг предзнак. Она што е очигледно е дека СДСМ сеуште ја дели културата на албанска и македонска, елитна и популистичка, жива и мртва. Во таа смисла препорачуваме СДСМ да ги надгради своите сознанија за актуелните културни текови во европски и светски контекст и конечно да понуди конструктивни предлози за унапредување на културата во РМ – се нагласува во рекацијата од Министерството за култура на прес-конференцијата на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците