| четврток, 6 декември 2018 |

Заев продал државно земјиште за едно евро по квадрат на бизнис ортак кој го препродал за 6 пати поголема цена

СДСМ и Општината Центар  влегоа во остра полемика за продажбата на земјиштето кај НБРМ во Скопје кое се изврши преку електронско јавно надавање согласно законските процедури. Оваа локација е отуѓена по пат на јавно наддавање на кое можело да се пријават сите заинтересирани инвеститори кои ги исполнуваат условите од јавната објава која е објавена во печатените медиуми и на интернет. Ваквиот начин на продажба го практикувале и други истанци во државата меѓу кој и општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, објави Нетпрес.

zaev

 

Нетпрес дојде до документи, во кои се гледа дека Општината Струмица на 30 октомври 2012 година, спровела постапка за електронско јавно надавање преку која било продадено земјиште со површина од 66.450 метри квадратни, по почетна цена од едно евро за еден квадрат. Цената за која било продадено земјиштето во Струмица на наддавањето достигнала само 71 денар за метар квадратен, што е истата цена по која била продадена локацијата кај НБРМ. И во двата случаи е почитувана законската обврска за електронска аукција, каде почетната цена е едно евро, а цената по која ќе биде продадено земјиштето се одредува во зависност за интересот и пазарната логика.

Иако навидум се работи за исти случаи,  што е различно и скандалозно?

1-vA1

 

Купувач на земјиштето кое го продава градоначалникот Зоран Заев во Струмица е Горан Крстев, бизнис партнер во повеќе фирми на Заеви, поточно на Вице, братот на струмичкиот градоначалник. Исто така, Горан Крстев е човек кој беше вмешан и во аферата Глобал, за која Зоран Заев беше аболициран од тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Тогаш фирмата која го градеше Глобал беше во сопственост на Горан Крстев.

Од документацијата до која дојде НетПрес, се гледа дека потписници на договорот за отуѓување на градежното земјиште со огромната површина, од над 66.000 м2, се токму градоначалникот Зоран Заев и Горан Крстев. Односно ова значи дека Зоран Заев го продава земјиштето на бизнис ортакот на фамилијата Заеви, Горан Крстев. Но, скандалот не застанува тука.

Горан Крстев дел од земјиштето кое од Заев и Општина Струмица го купил за цена од само 71 денар, два месеци подоцна го препродава за 6 пати повисока цена односно за 430 денари за метар квадратен.

 smetka

Имено Горан Крстев дел од парцелата која ја купил преку елетронската аукција од Општина Струмица со вкупна површина од 5.802 м2 ја продава на фирмата Фико Пласт ДООЕЛ Струмица за сума од 2,497.761 денари. Според овој договор, цената за прораден метар квадратен кое Горан Крстев го купил по 71 денар сега изнесува 430 денари по квадрат односно добива 6 пати поголема заработка. Еден ден претходно Крстев отуѓил уште еден дел од земјиштето кое го купил од Зоран Заев. Го продал на фирмите ДПТУ ТИМАС ДООЕЛ Струмица, и ДПТУТ ЛОТУС-ММ ДООЕЛ Струимица. На овие две фирми тој им продал 3.626 м2 за сума од 1,560.993 денари, која е исто така за шест пати повисока цена од она што претходно го купил од Општината Струмица.

Двата договори на Крстев до кој дојде НетПрес му овозможуваат чиста заработка зголемена за цели 6 пати.

Горан Крстев е дел и од други скандали со Општината Струмица

smetka1

 

Горан Крстев е дел од бизнис мрежата на Заеви. Оваа мрежа на бизниси на Заеви по се изгледа им е добро разработена. Ваквата продажба на земјиште не е единствениот скандал. Претходно беше објавено дека Зоран Заев на фирмата на својот пријател и бизнис партнер на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, изминативе 5 години и’ овозможил да стекне повеќе од 1,6 милиони евра, преку јавните набавки кои фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во изминативе 5 години ги склучувала со Општина Струмица и општинските институции.

smetka2

 

Владејачката партија, ВМРО ДПМНЕ, објави дека Зоран Заев ја претворил фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во главниот набавувач на гориво, екстра лесно масло за греење и други стоки за потребите на Општина Струмица и институциите под нејзина надлежнност. Зоран Заев на Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица му овозможил да добие 11 јавни набавки во изминативе години со вкупна вредност од 101,354.456 денари (околу 1,648 милиони евра). Од нив 83.322.641 денари фирмата Јавор Шпед ги добила од јавни набавки склучени директно со Општина Струмица, а 18.031.815 денари ги добила од јавни набавки склучени со ЈПКД Комуналец. Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица е во сопственост на Горан Крстев, човек кој што е капитално поврзан со семејството Заеви.

Откако биле увидени неправилности во постапката, надлежна комисија при Министерството за транспорт и врски дала мислење да се раскине спогодбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top