Метеоролозите во Македонија за утре, сабота, најавуваат пороен дожд, а снег и пониска температура за време на викендот.
Дождот што ќе почне да паѓа утре попладне, на некои места ќе биде пообилен и над 20 литри на квадратен метар. На планините ќе паѓа снег.
Врнежите ќе продолжат и в сабота, но со северниот ветер кој ќе почне да се засилува околу пладне, ќе преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. На планините и на некои пониски места ќе се формира снежна покривка.
В недела ќе има слабо провејување на снег, температурата ќе биде пониска и дневната ќе се движи од еден до седум степени.
Во почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и од снег и без позначителна промена на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.