| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската филхармонија ќе ја слави љубовта на Свети Валентин

Македонската филхармонија в четврток, на денот на вљубените Свети Валентин, ќе ги изведе во орекестарска варијаnта најубавите љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, „Битлси“, „Квин“, како и џез и блуз на концертот под име „Сè за љубов“.

На концертот, кој ќе се одржи токму на 14 февруари, на Свети Трифун, кога се слави празникот на виното и празникот на вљубените ќе диригира Саша Николовски – Ѓумар. Место во Дом на АРМ, каде што вообичаено се одржуваат концертите на Македонската филхармонија, овој пат настанот ќе биде на сцената на Македонската опера и балет (МОБ).  Заедно со оркестарот, ќе настапи и џез-вокалистот Ахмед Харфуш од Еги­пет, кој ќе изведе дел од романтичните композиции, кои ја одбележаа музичката ис­то­ри­ја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top