Македонската филхармонија в четврток, на денот на вљубените Свети Валентин, ќе ги изведе во орекестарска варијаnта најубавите љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, „Битлси“, „Квин“, како и џез и блуз на концертот под име „Сè за љубов“.
На концертот, кој ќе се одржи токму на 14 февруари, на Свети Трифун, кога се слави празникот на виното и празникот на вљубените ќе диригира Саша Николовски – Ѓумар. Место во Дом на АРМ, каде што вообичаено се одржуваат концертите на Македонската филхармонија, овој пат настанот ќе биде на сцената на Македонската опера и балет (МОБ). Заедно со оркестарот, ќе настапи и џез-вокалистот Ахмед Харфуш од Египет, кој ќе изведе дел од романтичните композиции, кои ја одбележаа музичката историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.