| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 82. седница со 56 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 17 „против“, како и 11 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 4 „против“ од припадниците на помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, објави „Курир“.

Измените и дополнувањата на Законот се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од оваа легислатива. Министерот Ивановски појасни дека со измените се предвидува постоење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги административен надзор да има само врз печатените медиуми  и тоа врз три одредби: за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за јавност при работењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top