Веќе втор ден по ред пред Основното јавно обвинителство група граѓани ја даваат својата поддршка на притворените лица по немилите настани во Собранието на Република Македонија на 27 април. Тие најавуваат дека мирниот протест ќе продолжи сè додека ОЈО не донесе правилна одлука, со најава дека собирот ќе биде сè помасовен. Тие го повикаа ОЈО да не подлегнува на притисоците и да донесе правилна одлука за луѓето кои ја бранеа својата татковина.
– Под итно ослободување на сите кои се во притвор и да се престане со приведување на тие луѓе кои до вчера достоинствено и гордо си ја бранеа Р. Македонија како унитарна, независна и мултиетничка држава. Сакам да ги охрабрам луѓето од ОЈО да не подлегнуваат на тие притисоци кои сите знаеме дека се од надворешни мрачни сили, потпомогнати од петтоколонаши во Р. Македонија и да се престане со двојниот аршин околу приведување на луѓето. Да го остават правосудниот систем во Р. Македонија да одлучува согласно законите и Уставот на Р. Македонија, вели Климент Стоилов поддржувач на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и пријател на приведените.
Тој потсети на немилиот настан кој се случи на Кале пред неколку години, кога група на граѓани ја спречуваа изградбата на црква на Кале, потенцирајќи дека тогаш имало поголеми шанси за меѓуетнички конфликт.
Димче Темелковски поддржувач на неправедно и политички притворените лица од настаните во Собранието, посочи дека како и денес и во македонската историја имало предавници при што многу наши војводи биле предадени од кодоши и шпиони.
– Во поново време има еден предавник што ја предава Р. Македонија. Да престане со тоа затоа што овие луѓе кои што се неосновано, неоправдано приведени затоа што беа испровоцирани од една група на луѓе кои што мислеа дека со тоа дека ќе успеат да дојдат на власт се излажале. Тие луѓе се наши браќа и сестри и верувајте дека нема да дозволиме тие да гнијат по затворите додека одредени терористи се на слобода – посочи Темелковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)