Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 82. седница со 56 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 17 „против“, како и 11 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 4 „против“ од припадниците на помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, објави „Курир“.
Измените и дополнувањата на Законот се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од оваа легислатива. Министерот Ивановски појасни дека со измените се предвидува постоење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги административен надзор да има само врз печатените медиуми и тоа врз три одредби: за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за јавност при работењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто експресно се менува постоечкиот закон за медиуми кој ОБСЕ го оцени како европски?
-
Граѓани втор ден протестираат пред ОЈО: Да се престане со приведување на луѓето што ја бранеа Македонија
-
Коалициите и партиите ќе ги подигнат уверенијата за новите пратеници
-
Кризната состојба поради мигрантите продолжена до 30 јуни 2017