Селекторот на светскиот првак Шпанија Маноло Каденас и актуелниот тренер на полската екипа Висла Плок, напоредно ја извршува и селекторската функција, а ова е прв голем турнир за него. Тој не запозна со ставовите за нашиот ракометен тим, како и за репрезентацијата која ја има во свои раце:
– Пасијата на вашиот народ за ракометот и репрезентацијата ја запознав во Хрватска во 2009 година. Тогаш тоа изгледаше навистина прекрасно. Вие живеете за оваа игра. Што се однесува до оваа шпанска репрезентација, за разлика од светското првенство моравме да менуваме на три позиции. Ги немавме Штербик, Алберто Ентрериос и Јулен Агинагалде. На претходниот меч со Австрија се врати Јулен и веднаш се забележа колку тој ни значи. Базата на репрезентацијата е иста од мундијалот, а за дефинитивни ставови ќе мора да ги почекаме преостанатите три натпревари – рече Каденас, кој до минатата сезона го водеше Адемар Леон, а претходно беше и тренер на Барселона.
Шпанија во досегашниот тек на турнирот доби четири натпревари и загуби само од домаќинот Данска во Хернинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето