| четврток, 6 декември 2018 |

Американци отвораат фабрика во Кочани, нови 1.500 вработувања

Американската корпорација „Амфенол“ е новиот странски инвеститор кој ќе отвори фабрика во Македонија и ќе вложи во првата фаза шест милиони евра во првите пет години. Фабриката ќе биде лоцирана во Кочани, а ќе бидат вработени 1.500 лица.

Инвестицијата ја најавија денеска премиерот Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата, Џон Тренор.

Корпорацијата има веќе ангажирано 70 лица за производство на автомобилски делови. Годинава планира да бидат вработени 250 до 350 лица.

Тренор, потпретседателот на корпорацијата, меѓу другото, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата деловна клима.

Премиерот Никола Груевски изрази огромно задоволство од одлуката на американската корпорација „Амфенол“ да инвестира токму во Македонија од каде што ќе се врши и извоз и снабдување на европскиот пазар, а сето тоа е резултат од владините роуд шоуа. Груевски потенцира дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top