| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос во ЕП бара менување на македонскиот Устав

venizelos_megaroШефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за недавањето датум за почеток на преговори со Македонија ја обвини „државната идеологија во земјата и односите со соседите, посебно со Бугарија“, јавува Дојче Веле .

Тој пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги претстави приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, а што се однесува до Република Македонија, изјави:

– Случајот со Македонија ќе биде разгледуван без дискриминација – нагласувајќи дека веќе двапати се сретнал и разговарал со министерот за надворешни работи на Македонија во Брисел и во Њујорк.

Ја посочил и средбата со лидерот на ДУИ.

– Имав контакти и со господинот Ахмети, кој е лидер на албанската партија, дел од владејачката коалција, чија партија е умерена. Ние ќе продолжиме да имаме односи со земјата и се согласуваме дека во името на земјата треба да има географска одредница. Станува збор за име кое ќе дозволи негово користење на внатрешен и на надворешен план.

Понатаму грчкиот министер за надворешни работи призна пред европратениците дека не е лесно да се смени уставот за да се прифати една специфична одлука, но тоа може да се направи.

– Тоа е нерешено прашање (прашањето за името,н.з.), но сѐ уште се можни измени. Ние знаеме дека имаше промени на уставот. Во однос на земјата и почетокот на преговорите, тоа не е само прашање на името, туку прашање за почитувањето на критериумите од Копенхаген, правната држава – нагласи Венизелос.

На крајот, тој со обвинувања до македонските власти го оправда недавањето датум за почеток на преговорите со Македонија, за него причина се:

– Државната идеологија која е во сила во земјата во однос на другите земји, посебно кон Бугарија, потоа прашањата поврзани со вредностите на Европската унија или критеримуите кои земјата треба да ги почитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top