| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски најави зголемување на минималната плата во стопанството

пари

Владата на Република Македонија ќе изработи законско решение за зголемување на минималната плата од досегашната, која изнесува 8.050 денари, на 10.080 денари, најави денеска премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите.

Почнувајќи од март 2014 година, минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари, во март 2015 година на 9.500, а веќе во март 2016 година минималната плата ќе изнесува 10.080 денари, истакна Груевски.

Тој потенцираше дека утврдувањето на минималната плата е историски чин, а ова е нов голем успех.

Со оваа нова мерка на 65 илјади работници ќе им се зголемат примањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top