| четврток, 6 декември 2018 |

„Канцеларија за врски на Република Косово во Србија“?

srbija-kosovo-znameКосовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај тврди дека е постигната согласност Приштина да отвори во Белград канцеларија за врски, која ќе се вика „Канцеларија за врски на Република Косово во Србија“, а дека со тоа се согласила и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пишува весникот „Коха диторе“.

– Јас го цитирам она што е постигнато со договор. Прво, двете страни се согласиле, додека госпоѓа Ештон тоа му го потврдила на премиерот Хашим Тачи дека името ќе биде „Канцеларија за врски на Република Косово во Србија“. Не велам дека тоа ќе биде амбасада. Тоа ќе биде име на канцеларијата кое ќе се употребува и во самата канцеларија на нашиот амбасадор и во сите други официјални документи, истакна Хоџај.

Пред десетина дена белградски „Вечерњи лист“ пренесе дека иако Приштина барала, немало согласност за дипломатски имунитет на претставниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top