
Прилепчанецот Велјаноски (фото 10 без 10)
Тане Србиноски е момчето кое го фати светиот крст во осветените води на базенот во кругот на домот на АРМ во Кичево. Покрај Србиноски, по крстот скокнаа уште 30-тина момчиња, а настанот го следеа повеќе од 1000 кичевчани.
Во Прилеп пак, прв до крстот стигна дваесетипет годишниот Александар Велјаноски кој скокна заедно со уште деведесет и двајцата прилепчаниво осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“. Александар вели дека минатата година имал многу среќа, а оваа година имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, повторно да скокне по светиот крст.
По повод празникот Водици беше оддржана 7-та по ред донаторска конференција за прибирање на средства за доизградба на црквата „Св.Петка“ во населбата Точила, а саботата на 18-ти јануари, беше предвидена за сите заинтересирани граѓани кои сакаа и се вклучија во акцијата „Саботно кафе и чај за црквата Св.Петка“ и со испиено кафе или чај во угостителските објекти низ градот секој да одвои средства колку може, има и сака да даде и со тоа да придонесе во што поскорото завршување на градбата на црковниот храм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


