| четврток, 6 декември 2018 |

Србиноски најсреќен во кичевските, Велјаноски во прилепските свети води

prilep krst

Прилепчанецот Велјаноски (фото 10 без 10)

Тане Србиноски е момчето кое го фати светиот крст во осветените води на базенот во кругот на домот на АРМ во Кичево. Покрај Србиноски, по крстот скокнаа уште 30-тина момчиња, а настанот го следеа повеќе од 1000 кичевчани.

Во Прилеп пак, прв до крстот стигна дваесетипет годишниот Александар Велјаноски  кој скокна заедно со уште деведесет и двајцата прилепчаниво осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“. Александар вели дека минатата година имал многу среќа, а оваа година имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, повторно да скокне по светиот крст.

По повод празникот Водици беше оддржана 7-та по ред донаторска конференција за прибирање на средства за доизградба на црквата „Св.Петка“ во населбата Точила, а саботата на 18-ти јануари, беше предвидена за сите заинтересирани граѓани кои сакаа и се вклучија во акцијата „Саботно кафе и чај за црквата Св.Петка“ и со испиено кафе или чај во угостителските објекти низ градот секој да одвои средства колку може, има и сака да даде и со тоа да придонесе во што поскорото завршување на градбата на црковниот храм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top