
Најдобриот македонски алпски скијач Антонио Ристевски го освои првото место во конкуренција на 101 скијач во слаломот што се одржавчера во Турнау, Австрија. Тој освои за него рекордни 24,74 ФИС-поени. Со победата тој веројатно ја потврди А-нормата за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи, во февруари. Најдобриот резултат до овој на Ристевски му беше 30,59 во слалом пред три години во Србија (вВо скијањето колку помалку поени толку подобро).
Вториот македонски скијач Дардан Дехари беше 15-ти и освои 36,08 ФИС-поени. Тој за сега е на 557-то место на олимписката ранг-листа.
Денеска е последниот рок за обезбедување норма и за пријавување на скијачите за ЗОИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)
-
Патеката во Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година
-
Исклучена е можноста за терористички напад како причина за падот на рускиот авион


