| четврток, 6 декември 2018 |

Скијачот Ристевски прв во Турнау

ristevski

Најдобриот македонски алпски скијач Антонио Ристевски го освои првото место во конкуренција на 101 скијач во слаломот што се одржавчера  во Турнау, Австрија. Тој освои за него рекордни 24,74 ФИС-поени. Со победата тој веројатно ја потврди А-нормата за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи, во февруари. Најдобриот резултат до овој на Ристевски му беше 30,59 во слалом пред три години во Србија (вВо скијањето колку помалку поени толку подобро).

Вториот македонски скијач Дардан Дехари беше 15-ти и освои 36,08 ФИС-поени. Тој за сега е на 557-то место на олимписката ранг-листа.

Денеска е последниот рок за обезбедување норма и за пријавување на скијачите за ЗОИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top