| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Ристевски стигна до светиот крст во Тетово

tetovo krst

И во Тетово денеска верниците традиционално скокаа по светиот крст по повод празникот Водици. Илчо  Ристевски беше најсреќниот од тројцата кои се фрлија по крстот во базенот на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“.

– Пред ова, сум скокал два пати и годинава чувствував дека ќе го фатам крстот и ми се исполни желбата. Годинава очекувам здравје, среќа, љубов, успех во работата, животот, се најдобро како на нас, така и на секому, Господ да дава, изјави Ристовски.

Инаку, осветување на водите во реките и базените на црквите денеска по повод Водици се одржаа  скоро во сите населени места во тетовскиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top