
И во Тетово денеска верниците традиционално скокаа по светиот крст по повод празникот Водици. Илчо Ристевски беше најсреќниот од тројцата кои се фрлија по крстот во базенот на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“.
– Пред ова, сум скокал два пати и годинава чувствував дека ќе го фатам крстот и ми се исполни желбата. Годинава очекувам здравје, среќа, љубов, успех во работата, животот, се најдобро како на нас, така и на секому, Господ да дава, изјави Ристовски.
Инаку, осветување на водите во реките и базените на црквите денеска по повод Водици се одржаа скоро во сите населени места во тетовскиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


