| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиа и Сеат- херои, Ситроен и Пежо- губитници во 2013

Vehicles are covered with protective wrap as workers prepare the General Motors automakers display ahead of the media preview of the North American International Auto Show in Detroit Лани на пазарот во Европа се продале околу 12 милиони нови автомобили, 1,7 проценти помалку од претходната година. Дачиа и Сеат се хероите во кризата, Ситроен и Пежо се губитниците.

Вкупно се продадени 11.850.905 нови автомобили, што е најлош продажен резултат по 1995 година. Постојат големи разлики меѓу одделните пазари. Британскиот пазар, на пример, забележа двоцифрен пораст од 10,8 проценти, а плус покажа и шпанскиот пазар, каде се продадоа 3,3 проценти повеќе автомобили отколку во 2012. Другите големи пазари сепак слабеат. Во Германија се продадоа 4,2 проценти помалку автомобили, во Франција 5,7 и во Италија 7,1 проценти.A worker cleans a Renault car at the European Motor Show in Brussels

Меѓу моделите постојат големи разлики, дури и меѓу гитантите. Во рамките на концернот Фолксваген, на пример, додека матичната марка Фолксваген е во пад од 4,0 проценти, шпанската марка Сеат бележи двоцифрен пораст од 10,6 проценти. Тоа е секако резулат од воведувањето на новиот Леон. Други марки што користат од кризата, без разлика дали го постигнуваат тоа со високата противредност, како продажен аргумент што добива повеќе во значење во услови на криза, или пак, со погодената моделска програма и свежите модели, се Дачиа (+23%), Мазда (+16,7), Ленд Ровер (+8,2%), Јагуар (+16,0) и Мицубиши (+7,5%).

Француските марки се најпогодени од кризата. Пежо изгуби 7,2 проценти од продажбата, Ситроен дури 10,9, додека Рено се уште се држи одлично со умерениот пад од само 1,1 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top