Лани на пазарот во Европа се продале околу 12 милиони нови автомобили, 1,7 проценти помалку од претходната година. Дачиа и Сеат се хероите во кризата, Ситроен и Пежо се губитниците.
Вкупно се продадени 11.850.905 нови автомобили, што е најлош продажен резултат по 1995 година. Постојат големи разлики меѓу одделните пазари. Британскиот пазар, на пример, забележа двоцифрен пораст од 10,8 проценти, а плус покажа и шпанскиот пазар, каде се продадоа 3,3 проценти повеќе автомобили отколку во 2012. Другите големи пазари сепак слабеат. Во Германија се продадоа 4,2 проценти помалку автомобили, во Франција 5,7 и во Италија 7,1 проценти.
Меѓу моделите постојат големи разлики, дури и меѓу гитантите. Во рамките на концернот Фолксваген, на пример, додека матичната марка Фолксваген е во пад од 4,0 проценти, шпанската марка Сеат бележи двоцифрен пораст од 10,6 проценти. Тоа е секако резулат од воведувањето на новиот Леон. Други марки што користат од кризата, без разлика дали го постигнуваат тоа со високата противредност, како продажен аргумент што добива повеќе во значење во услови на криза, или пак, со погодената моделска програма и свежите модели, се Дачиа (+23%), Мазда (+16,7), Ленд Ровер (+8,2%), Јагуар (+16,0) и Мицубиши (+7,5%).
Француските марки се најпогодени од кризата. Пежо изгуби 7,2 проценти од продажбата, Ситроен дури 10,9, додека Рено се уште се држи одлично со умерениот пад од само 1,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови


