| четврток, 6 декември 2018 |

Историјата на ракометните средби помеѓу Македонија и Унгарија

rakomet danska 2014 5Македонија – Унгарија – ракометен меч кој се повторил дури 12 пати. . Со овој противник сме воделе битки во квалификации за европско или светско првенство, неколку бараж мечеви, еднаш сме играле и на завршен турнир на европско првенство (Италија 1998), а еднаш влогот беше Олимпијадата во Лондон. Само два пати сме ги совладале, но подоцна во хирархијата на двомечот, тие победи не значеле квалификација. Од 2004 година, сме играле пет пати со унгарскиот национален тим и сите мечеви сме ги загубиле. Најблиску бевме во Гетеборг во 2012 година, но загубивме со само два гола разлика и наместо ние унгарците заедно со Шведска одпатуваа на олимпијадата. Подоцна Унгарија беше четврта, а Шведска сребрена.

Квалификации за ЕП – Шпанија 1996

Македонија – Унгарија 26:21
Унгарија – Македонија 29:26

Квалификации за СП – Исланд 1997

Македонија – Унгарија 23:34
Унгарија – Македонија 34:25

ЕП – Италија 1998

Унгарија – Македонија 29:20

Квалификации за ЕП – Швајцарија 2004

Македонија – Унгарија 33:31
Унгарија – Македонија 33:29

Квалификации за ЕП – Норвешка 2006

Македонија – Унгарија 29:32
Унгарија – Македонија 36:25

Квалификации за ЕП – Србија 2012

Македонија – Унгарија 22:29
Унгарија – Македонија 29:26

Олимписки квалификации – Шведска 2012

Македонија – Унгарија 26:28

Извор: lazarovkiril7.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top