| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановиќ и Ѓоковиќ се пласираа во четвртото коло во Мелбурн

Српските тенсиери Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ се пласираа во четвртото коло на Отвореното тениско првенство на Австралија, првиот гранслем во сезоната.
Дербито на третото коло во женскиот дел од турнирот го одиграа Ана Ивановиќ и домашната тенисерка Саманта Стосур.
Ивановиќ беше подобра по тешка борба во три сета со 2-1 (6-7, 6-4, 6-2) во сетови. Натпреварот изобилуваше со многу пресврти, при што натпреварувачките успеаваа да ги одземат сервисите на своите противнички. Во првиот сет Ивановиќ имаше дури три сет-топки во тајбрејкот, но Стосур со своето искуство успеа да направи пресврт и да го освои сетот. Во вториот сет Србинката со еден брејк-гем успеа да го освои сетот и да го изедначи мечот на 1-1. Во третиот сет доминацијата на Ивановиќ исплива на површина и успеа сконецтрирано да освои два гема на сервис на противникот и да се пласира во четвртото коло, во кое ќе треба да игра против првиот фаворит на турнирот  – Американката Серена Вилијамс.
Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го продолжи патот до тронот. Во третото коло беше поуспешен од Денис Истомин со максимални 3-0 (6-3, 6-3, 7-5) во сетови. Узбекистанецот не беше достоен противник на Србинот, кој на крајот мораше да ја признае победата. Популарниот Ноле во четвртото коло ќе се сретне со Италијанецот Фабио Фоњини, кој во третото коло беше поуспешен од Сем Квери.
За одбележување во утринските натпревари е победата на ветеранот Томи Робредо над Ришар Гаске од 3-1 во сетови.

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е прв учесник во четврт-финалето бидејќи неговиот противник во четвртото коло Вацек Поспишил го предаде мечот поради повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top