| четврток, 6 декември 2018 |

„Министерот за одбрана“ ја принуди Австрија на капитулација (видео)

borko 2

Нашиот „министер за одбрана“ Борко Ристовски синоќа ги фрли во очај Австријците и ги принуди на капитулација по неверојатните 19 одбрани од 38 удари на голот, односно Борко го одбрани секој втор шут на противниците.

borko ristovski

„Борко Велики“- креативен предлог што се појави на социјалните мрежи како да му изразиме почит за брилијантните одбрани

Не смее да се заборави ниту одбраната во последната секунда од натпреварот која делегатите не ја зедоа во обзир бидејќи времето веќе истекло, но со оглед на тоа дека противникот беше Австрија, можеме да претпоставиме какви ќе беа притисоците врз судиите да го признаат…

Признале или не дека Борко одбрани 20 удари на голот, никој не може да негира дека Ристовски вчера имаше брилијантна вечер, а на голот изгледаше како да брани со по два пара раце и нозе. Погледнете како сето тоа изгледаше:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top