Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е прогласен за најдобар спортист на Балканот за 2013 година во традиционалниот избор на Бугарската новинска агенција (БТА).
Ѓоковиќ беше пред хрватската светска шампионка во фрлање диск Садра Перковиќ. Помеѓу петте најдобри се најдоа и романската тенисерка Симона Халеп и фудбалерот Марио Манџукиќ.
Вториот тенисер во светот наградата од БТА за најдобар спортист на Балканот ја освои трет пат по ред.
Наградата се доделува на основа на гласање на спортски новинари од Србија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Црна Гора и Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.