Македонија ја почнува годината од 84. место на ранг-листата на ФИФА. Во однос на претходното рангирање на фудбалската репрезентација, во декември 2013 година Македонија назадуваше за една позиција.
На листата на ФИФА нема никакви промени меѓу најдобрите 30 светски репрезентации, листата ја предводи Шпанија, а зад неа се Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија…
Од земјите во регионот најдобро котира Грција, која е на 12. место, потоа Хрватска на 16, Босна и Херцеговина (19), Словенија (29) и Србија (30). Следуваат Црна Гора (52), Албанија (56) и Бугарија (74).
Следната ранг -иста ФИФА ќе ја објави на 13 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)