| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на 84. место на листата на ФИФА

mkd-sport-2013-fudbal-gradskiМакедонија ја почнува годината од 84. место на ранг-листата на ФИФА. Во однос на претходното рангирање на фудбалската репрезентација, во декември 2013 година Македонија назадуваше за една позиција.

На листата на ФИФА нема никакви промени меѓу најдобрите 30 светски репрезентации, листата ја предводи Шпанија, а зад неа се Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија…

Од земјите во регионот најдобро котира Грција, која е на 12. место, потоа Хрватска на 16, Босна и Херцеговина (19), Словенија (29) и Србија (30). Следуваат Црна Гора (52), Албанија (56) и Бугарија (74).

Следната ранг -иста ФИФА ќе ја објави на 13 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top