Грчкиот премиер Андонис Самарас обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур, каде ги изложи приоритетите на грчкото претседателство со Европската Унија, зборуваше и за проширувањето на Унијата, но тој избегна да ја спомне Република Македонија најстариот кандидат за членство од земјите од Западен Балкан.
Од 32-минутниот говор на Самарас на проширувањето му беше посветена само една минута. Пред европратениците, грчкиот премиер нагласи дека Грција одсекогаш го поддржува проширувањето на ЕУ.
– Грција покажа дека го поддржува проширувањето во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интересира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји во ЕУ зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањeто статус земја кандидат на Србија- рече Самарас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Евроатлански интеграции веднаш, но без да се отстапи од државните и националните интереси
-
Прво името па НАТО: И Коѕиас по Ципрас му разјаснува на Заев
-
Иванов: Заморот од проширувањето на ЕУ доведе до ретроградни процеси во ЈИЕ
-
Курц: Да се обноват гаранциите за македонските евро-интеграции


