| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас во говорот од половина час во Стразбур на проширувањето посвети цела минута

antonis samarasГрчкиот премиер Андонис Самарас обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур, каде ги изложи приоритетите на грчкото претседателство со Европската Унија, зборуваше и за проширувањето на Унијата, но тој избегна да ја спомне Република Македонија најстариот кандидат за членство од земјите од Западен Балкан.

Од 32-минутниот говор на Самарас на проширувањето му беше посветена само една минута. Пред европратениците, грчкиот премиер нагласи дека Грција одсекогаш го поддржува проширувањето на ЕУ.

– Грција покажа дека го поддржува проширувањето во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интересира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји во ЕУ зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањeто статус земја кандидат на Србија- рече Самарас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top