Популарниот глумец Леонардо ди Каприо официјално ја потврди врската со нова манекенка, новата избраничка е Тони Гарн една од ангелите на Викторија.
Веќе подолго време се зборуваше за нивната врска, но за време на доделувањето на Златниот глобус оваа двојка стана официјална.
Триесетидеветгодишниот Леонардо и осумнаесет години помладата Тони на прославата размениле неколку бакнежи, а со тоа ја потврдија нивната романса.
Манекенката и глумецот прв пат заедно биле видени во мај 2013 година на луксузна јахта во Кан за време на филмскиот фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



