| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо скока од манекенка на манекенка

Популарниот глумец Леонардо ди Каприо официјално ја потврди врската со нова манекенка, новата избраничка е Тони Гарн една од ангелите на Викторија.

Веќе подолго време се зборуваше за нивната врска, но за време на доделувањето на Златниот глобус оваа двојка стана официјална.

Триесетидеветгодишниот Леонардо и осумнаесет години помладата Тони на прославата размениле неколку бакнежи, а со тоа ја потврдија нивната романса.

leonardo

Манекенката и глумецот прв пат заедно биле видени во мај 2013 година на луксузна јахта во Кан за време на филмскиот фестивал.

 

Дваесетиедногодишната Тони е само уште една од супермоделите која паднала во рацете на глумецот, Лео до сега беше во врска со моделите Ерин Хетертон, Кристен Занг, Ема Милер, Жизел Бундшен, Бар Рафаели и Блејк Лајвли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top