Младата манекенка Ивана Смит (18) на 7 декември 2017 година, пронајдена е мртва во Куала Лумпур во Малезија. Таа е најдена гола по падот од 14 спрат, после свингерската забава која ја приредил еден американски пар, пренесува Дејли меил.
Ивана градела успешна кариера на модел и додека локалните полицајци рекле дека несреќата во која го изгубила животот ја предизвикале дрогата и алкохолот, британски приватен детектив тврди дека случајот може да се третира како убиство.
Холандски патолог тврди дека младата девојка била мртва пред да падне, односно дека е фрлена од терасата. Ивана на рацете имала модрици кои не ги предизвикал падот, што покажува дека пред смртта имало борба.
Во јавност се појави и снимка, како пред несреќата Ивана на Раце ја изнел Александар Џонсон, основач на компанијата за криптовалути со седиште во Куала Лумпур.
Околу 7.30 часот Ивана на пријателка и пратила селфи со сопругата на Џонсон, Луна, а два часа подоцна паднала од тераса. Нејзиното тело било голо, а пронајдена е неколку часа подоцна. Се уште не се пронајдени нејзините чевли и долна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)