| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдена доживотната казна за полицаецот од Тетово

tetovo

Потврдена пресудата за поранешниот полицаец од Тетово, Јаким Трифуновски. Апелацискиот суд во Гостивар ја одбил жалбата на обвинетиот, со што ја потврди првостепената одлука на Основниот суд со која тој е осуден на доживотен затвор за двојно убиство.Повторно судење или преиначување на казната нема да има. По одлуката на Апелација одбраната има право да се жали пред Врховниот суд – објави А1он.

Осудениот Трифуновски, се жалеше на пресудата и во ноември судскиот совет ја разгледа жалбата. Трифуновски бараше укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно судење. На јавната седница, неговиот адвокат наведе дека одлуката од првостепената постапка имало контрадикторности. Неговиот адвокат тогаш наведе дека на првото судење, била поклонета верба само на исказите на сведоците.

Двојното убиство кое се случи во февруари 2012-та, ја потресе гостиварската јавност. Поранешниот полицаец со службениот пиштол застрела двајца гостиварци.

Една година по настанот кривичниот совет на Основниот суд во Гостивар го прогласи за виновен за убиство со умисла и предизвикување на општа опасност и го осуди на доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top