| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот од Дортмунд декласиран од Хамбургер со 4-1

Фудбалерите на Хамбургер  приредија сензација во Дортмунд и го декласираа актуелниот шампион Борусија нагости со 4-1 во натпревар од 21. коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ беа тотално надиграни, пред своите навивачи, а креатори на блескавиот триумф на Хамбургер беа стрелците Рудневс и Сон, со по два гола.

Домаќините први поведоа со голот на Левандовски, но истиот играч во 31.минута доби црвен картон, по што тргна бродоломот на првакот. Хамбургер даде дури 4 гола во низа и забележа значајна победа.

Вердер со идентични 4-1 славеше на гостувањето кај Штутгарт, а вистинска голеада имаше и во Менхегладбах каде домашниот тим Борусија и Баер Леверкузен ремизираа 3-3.
За половина час во дербито во Минхен ќе играат Баерн и Шалке 04.
Резултати: Борусија Д. – Хамбургер 1-4, Штутгарт – Вердер 1-4, Борусија М. – Баер Л. 3-3,  Гројтер Фирт – Волфсбург 0-1, Хановер – Хофенхајм 1-0, Ајнтрахт Ф. – Нирнберг 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top