| четврток, 6 декември 2018 |

Обама најави вето доколку Конгресот усвои нови санкции кон Иран

Американскиот претседател, Барак Обама, синоќа најави дека ќе стави вето доколку Конгресот усвои нови санкции против Иран, бидејќи смета дека тие би претставувале ризик за решавањето на иранското нуклеарно прашање.

По повод стапувањето во сила на договорот за ублажување на санкциите кон Иран на 20 јануари, Обама истакна дека тој бил постигнат бидејќи властите во Техеран првпат во изминатата деценија се согласиле да го спречат натамошниот развој на нуклеарната програма.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека САД и другите држави тогаш ќе почнат процес на умерено ублажување на санкциите на Иран, додека Техеран ќе почне да се движи во насока на исполнување на спогодбата за прекин на нуклеарната програма.

Обама се соочува со силен притисок во Конгресот да воведе нови санкции кон Иран, како мерка за обезбедување дека Техеран ќе го почитува договорот.

Од вкупно сто сенатори, 58 го потпишале законскиот предлог кој предвидува нови казнени мерки, со кои се спречува натамошната продажба на иранската нафта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top