По информациите од Брисел дека продолжуваат расправиите меѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за почеток на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, како и дека Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција, од фанцуската амбасада во Скопје кусо коментираат дека разговорите се во тек.
-Разговорите се во тек во Брисел, а конечниот став на Франција ќе го објави францускиот претседател Емануел Макрон за време на Советот на ЕУ на 29 јуни, изјави кусо амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние за МКД.мк.
Според информациите што ги објави МИА, во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите.
Париз, наводно прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни, став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името
Од друга страна, голем број земји членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската Комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.