Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон се соочува со нова книга во која се откриваат непријатни детали од нејзиното минато.
По мемоарите на секретарот за одбрана Роберт Гејтс, кој вели дека Хилари признала оти нејзината политика кон Ирак била водена од претседателските амбиции, а не од состојбата на теренот, излегува и нова книга во која нејзини поранешни помошници велат дека таа имала список на „предавници“.
На врвот на овој список наводно бил актуелниот државен секретар на САД Џон Кери, кого Хилари Клинтон го обвинувала за неговата поддршка на кандидатурата на Барак Обама на претседателските избори во 2008 година.
Клинтон и Обама водеа тешка борба за претседателската номинација на Демократската партија, во која Обама, со неговиот критичен став за војната во Ирак, излезе како поуспешен. Во текот на номинацијата, повеќе истакнати демократски политичари, на чија лојалност сметаа Бил и Хилари Клинтон, неочекувано го поддржаа младиот Обама, со што ја саботираа кампањата на Хилари.
Некои од политичарите на долгиот список лица кои и „забија нож во грб“ на Хилари Клинтон потоа неславно ги завршија своите кариери, па дури и животот, што, служело за шега во штабот на Хилари.
– Неколку години по кампањата, советниците на Хилари се шегуваа со лошата судбина на сите нивни блиски соработници, кои ги предадоа во изборите во 2008 година. Бил Ричардсон е под истрага. Кариерата на Џон Едвардс пропадна во скандал. Крис Дод се повлече од Сенатот. И на крајот, со тивок глас, ќе кажеа: Тед Кенеди почина, пишува во книгата за Хилари Клинтон, што ја објавија Ејми Парнс и Џонатан Ален, новинари кои долго време ја следат кариерата на поранешната прва дама и државен секретар на САД.
Особено штетна за Хилари Клинтон е информацијата дека нејзиниот гнев пред се бил насочен кон нејзиниот наследник Џон Кери. Кери ја доби поддршката на семејството Клинтон во неговата неуспешна кампања за претседател во 2004 година, но Кери, во кампањата во 2008 година го поддржа Обама и се појави на партиски собири заедно со него.
Ова покажа дека искусни сенатори кои се занимавале со одбраната и надворешната политика, како Кери, го поддржуваат неискусниот кандидат Обама и сметаат дека ќе биде добар претседател, што намали една од најзначајните предности на Хилари Клинтон.
Клинтон и Кери, во очекување на претседателските избори во 2016 година, се натпреваруваат во тоа кој ќе биде поуспешен шеф на американската дипломатија, односно кој ќе спречи да биде обвинет за неуспесите како тие во Сирија, Ирак, Либија и Египет. Клинтон е фаворит за претседатеклски кандидат на демократите, додека Кери се уште не објавил дали повтроно ќе се кандидира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски