Македонија загуби од Данска со високи 21-29 (8-12) во првиот меч од 1. коло во групата А на Европското првенство (ЕП) за ракометари кое почна денеска во земјата на актуелниот европски првак и светски вице-шампион.
Бадијала беа 15-те одбрани на голманот Борко Ристовски кој го чуваше голот на Македонија. Капитенот Кирил Лазаров и покрај тоа што беше одлично чуван, успеаја да постигне седум погодоци, а дебитантот Никола Стојчевски беше стрелец на три погодоци. Дејан Пецаковски, кому денеска му е роденден двапати се запиша во листата на стрелците.
Избраниците на селекторот Ивица Обрван не ги искористија шансите со играч повеќе со оглед на тоа дека Македонија четири минути имаше играч помалку, наспроти 14-те на Данска. Крилата беа отсечени од игра, посебно во првиот дел. Дејан Манасков двапати промаши од чиста позиција и тоа во период кога можеше да се намали резултатот.
Најдобрите македонски ракометари ќе се обидат да се рехабилитираат во вторник, кога треба да се сретнат со репрезентацијата на Чешка во 20, 30 часот. Чесите денеска загубија од Австрија со високи 20-30.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.