| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров одличен, Нант лесно го совлада Трембле

Ракометарите на Нант ја продолжуваат серијата на победи, откако вечерва во Париз извојуваа лесна победа против Трембле со 33-45 (16-23) во рамките на 10. коло на францускиот шампионат.

Македонскиот интернационалец, Кире Лазаров максимално ја искористи минутажата и запиша шест гола и скоро уште толку асистенции. Гостите од Нант водеа во текот на сите 60 минути, а во голем дел од вториот дел тренерот Анти имаше можност и да ги заштеди најдобрите за мечот со Висла в сабота.

Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Белегер со 8 и Турне со 7 гола, а нашиот Лазаров постигна 6 гола. Кај домашниот Трембле најефикасни беше Шеваљевиќ со 6 постигнати гола.

Во останатите натпревари играни вечерва, лидерот ПСЖ изненадувачки загуби од Аикс со 33-31, Шамбери освои цел плен во Рен, а Сант Рафаел минимално триумфираше во Саран (27-28). Утре колото се затвора со дуелот на Монпелје и Тулуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top