| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со пораз од европскиот првак го почна настапот на ЕП во Данска (фотогалерија)

kire

Македонија загуби од Данска со високи 21-29  (8-12) во првиот меч од 1. коло во групата А на Европското првенство (ЕП) за ракометари кое почна денеска во земјата на актуелниот европски првак и светски вице-шампион.

2048_52d303551dc

Бадијала беа 15-те одбрани на голманот Борко Ристовски кој го чуваше голот на Македонија. Капитенот Кирил Лазаров и покрај тоа што беше одлично чуван, успеаја да постигне седум погодоци, а дебитантот Никола Стојчевски беше стрелец на три погодоци. Дејан Пецаковски, кому денеска му е роденден двапати се запиша во листата на стрелците.

2052_52d30356148

Избраниците на селекторот Ивица Обрван не ги искористија шансите со играч повеќе со оглед на тоа дека Македонија четири минути имаше играч помалку, наспроти 14-те на Данска. Крилата беа отсечени од игра, посебно во првиот дел. Дејан Манасков двапати промаши од чиста позиција и тоа во период кога можеше да се намали резултатот.

2055_52d30356ac2

Најдобрите македонски ракометари ќе се обидат да се рехабилитираат во вторник, кога треба да се сретнат со репрезентацијата на Чешка во 20, 30 часот. Чесите денеска загубија од Австрија со високи 20-30.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top