Кире Лазаров е заштитно лице на „Хумел“, компанијата за спортска опрема изработи патики во чест на македонскиот ракометар кои од наредната година ќе бидат пуштени и во продажба.
„Хумел“ брендираше патики „Лазаров 7“ кои македонскиот ракометар за прв пат ќе ги носи во четврток на дерби натпреварот од француското првенство помеѓу Нант и ПСЖ.
Патиките ќе бидат пуштени и во продажба од март наредната година во продавниците на „Хумел“, па ќе можете да си купите „Лазаровки“, наместо популарните „Џорданки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.