| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија губи од Данска четири гола на полувреме

Macedonia_vs_Denmark_2012_European_Men's_Handball_Championship

Од мечот Македонија – Данска на претходното ЕП во Србија

Македонската машка ракометна репреџентација губи со четири гола разлика од актуелниот европски првак Данска (12-8) по првите 30 минути од мечот од 1. коло од групата А на Европското првенство (ЕП) кое почна денеска во Данска.

Мечот не го отворивме како што сакавме, бидејќи до 8. минута Данска имаше серија од 5-0, а првиот погодок го постигна Лазаров од пенал. До 18 минута Данците водеа со 9-3, а потоа голманот Борко Ристовски одбрани пенал, по што следуваше серија на Македонија од 4-0. Ристовски потоа се разбранува, одбрани уште еден пенал, а Лазаров го намалуваше водството (11-8). Можевме на полувреме да заминеме и со два гола разлика, но на крај по првите 30 минути акуелниот европски и светски вицепрвак води со 12-8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top