
Никола Митревски
Голманот Никола Митревски и пивотот Никола Маркоски како и Немања Прибак нема да бидат во состав на македонската машка ракометна репрезентација која вечерва игра со Данска, во мечот од 1. коло од Европското првенство (ЕП) кое почнува денеска. Така одлучи селекторот Ивица Обрван.
Обрван реши следните три натпревари да ги игра без Митревски, Никола Маркоски и без Прибак, кој и нема право да настапи на овие средби. Според пропозициите, Македонија ќе може да измени двајца ракометари само ако се пласира во втората фаза.
Денеска ќе настапат:
Голмани: Петре Ангелов и Борко Ристовски.
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Златко Мојсоски.
Пикери: Стојанче Стоилов и Ванчо Димовски.
Бекови: Аце Јоновски, Дејан Пецаковски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Никола Стојчевски, Влатко Митков и Бранко Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


