
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација се пласираше на завршницата на Европското првенство (ЕП) во Полска, откако денеска во Умаг ја совлада селекцијата на Грузија со 29-24 (14-13). Селектор на оваа генерација е поранешниот репрезентативец Александар Јовиќ.
Најефикасни во нашиот табор на овој натпревар беа Филип Талевски со осум гола и Горан Крстевски со седум погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


