Свечената церемонијата за доделувањето на Британските музички награди годинава ќе се одржи на 19 февруари во лондонската О2 арена, а на настанот ќе настапуваат Арктик Манкис, Кејти Пери, Бруно Марс и Рудиментал, додека
шоуто ќе го води Џејмс Корден.
Лондонската група Бастил и Дисклоужр ги заземаат водечките места во номинациите за оваа престижна награда, со по 4 номинации. По нив следат Ели Голдинг и Рудиментал со по 3 номинации, додека Арктик Манкис и Дејвид Боуви имаат по 2 номинации.
Во категоријата за најдобар музичар номинирани се Дејвид Боуви, Џејк Баг, Џејмс Блејк, Џон Њуман и Том Одел, додека во категоријата најдобар женски изведувач се Ели Голдинг, Џеси Џеј, Лора Марлинг и Лора Мвула.
За најдобра британска група номинирани се Арктик Манкис, Бастил, Дисклоушр, Уан Дајрекшн и Рудиментал.
За најдобар британски сингл конкурираат Бастил – „Popmeii“, Калвин Харис/Ели Голдинг – „I Need Your Love“, Дисклоушр – „White Noise“, Ели Голдинг – „Burn“, Џон Њуман – „Love Me Again“, Рудиментал – „Waiting All Night“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


