Заветото „Во добро и лошо“ за сопругите на диктаторите често вклучува и соочување со внатрешни политички прашања, бунт, корупција. Првите дами држат чекор со своите сопрузи, познати по воспоставувањето строг режим и кршењето на човековите права, а пред камерите секогаш изгледаат беспрекорно, анализира „Блиц“.
РИ СОЛ ЈУ
„Глобал пост“ сопругата на лидерот на Северна Кореја ја нарекува Ким Јонг Ун, севернокорејската Кејт Мидлтон , а на фотографиите е прикажана како млада жена со стил, која со срдечна насмевка го држи за рака својот сопруг.
Сепак, станува збор за сурова богаташка, која пред нејзиниот брак, наводно, била прилично промискуитетна. Поради ширење гласини за нејзиниот домашен порнофилм, таа нареди да се погубат сите девет членови на оркестарот со кој некогаш настапувала.
АСМА АЛ-АСАД
Родена во сириско семејство, но растена и школувана во Велика Британија. Асма се омажи за претседателот на Сирија во декември 2000 година.
Додека граѓаните на нејзината земја живеат во екстремно тешки воени услови, мајката на три деца ужива да трошат пари на дизајнирана облека и скапи чевли. Поради нејзината убавина и љубовта кон модата, модниот магазин „Ел“ ја нарече „роза среде пустина“.
Нејзиниот сопруг, Башар ал-Асад, е осомничен за користење хемиско оружје против бунтовниците. Во конфликтот во Сирија досега загинаа повеќе од 126.000 цивили.
ТАТЈАНА КАРИМОВА
Каримова, наводно, се разведе од својот сопруг, претседателот на Узбекистан, се пресели надвор од семејниот дом и е скарана со постарата ќерка Гулнара, која на „Твитер“ ја нарече мајка си – вештерка.
Гулнара вели дека нејзината мајка ѝ се заканила дека ќе ја уништи ако открие детали за нејзината вмешаност во сомнителни активности и перење пари.
Ислам Каримов е познат по мачење на новинарите и на активистите за човекови права, под изговор дека се бори против тероризмот.
СИЛИЈА ФЛОРЕС
Поранешната државна обвинителка се омажи со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во јули минатата година, по дваесет години врска.
Силија беше првата претседателка на Народното собрание на Венецуела. Ги негираше обвинувањата за непотизам, иако околу 40 членови на нејзинотот семејство се назначени на позиции во државната администрација. Таа изјави дека сите ги исполнуваат барањата на конкурсите и дека е горда на нив.
Николас Мадуро е поранешен возач на автобус, кој спроведе масовни апсења на противниците на социјалистичкиот режим.
ГРЕЈС МУГАБЕ
Таа беше секретарка на нејзиниот сопруг, претседателот на Зимбабве, кој е постар од неа 41 година. Во осумдесеттите години почнаа тајна афера и Грејс роди две од трите деца додека Роберт Мугабе сѐ уште беше во брак со неговата прва жена.
Самата се нарекува „мајка на нацијата“, иако народот нејзиното однесување го смета за срамно. Таа ужива во пазарењето, а поголемиот дел од богатството го здоби преку измама во врска со дијамантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела