| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе се врати во финалето на „Икс-фактор“?

Александра Секулиќ од тимот на Кики, Милош Бајат од момчињата на Емина, дуетот Лука и Јана од групите на Кристина и Маид Хечимовиќ од групата на Жељко се четворицата отпаднати кандидати кои добија најголем број гласови на „Фејсбук“ да се вратат во „Икс-фактор“.

На првата емисија во живо во вторникот, веднаш после настапите на сите финалисти, беше отворено и телефонското гласање и за овие четворица кандидати, кое ќе трае до недела.

Само еден од нив ќе продолжи понатаму и ќе добие шанса да се натпреварува рамо до рамо со останатите кандидати.

Броевите на кои може да испраќате СМС пораки за да го внесете својот фаворит во шоуто ги има на официјалната странца на „Икс-фактор на „Фејсбук“.

Македонските кандидати, браќата Иван и Кико Раденови не добија доволно гласови за да продолжат понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top