| четврток, 6 декември 2018 |

Спортските оскари за Кирил Лазаров и Билјана Црвенковска

Sportist na god 2013_003

Кирил Лазаров и Билјана Црвенковска ги добија оскарите за  најдобри спортисти во изборот што го прават Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Sportist na god 2013_005На свеченоста што вечерва се одржа во Музејот на македонската револуционерна борба, беа промовирани најдобрите наши спортисти, екипи и спортски работници за 2013 година.

Sportist na god 2013_004

Капитенот на  ракометната репрезентација Кирил Лазаров го доби спортскиот „Оскар 2013“,  потврда дека ракометот е број 1 кај нас е идентичната награда за членката на ЖРК Вардар СЦБТ, Билјана Црвенковска. Епитетот најдобра национална федерација го доби Ракометната федерација на Македонија, додека селекторот на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, Драган Атанасовски е прогласен за најдобар тренер.

Sportist na god 2013_000

Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање.

Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија.

Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец.

Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка.

Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top